
Денеска верниците го одбележуваат Воскресение Христово – трет ден Велигден или ден уште познат како Светол вторник.
По Страдалната седмица доаѓа денот на воскресението – ден што носи нов почеток, надеж и вечен живот.
Христовото воскресение е потврда на сите негови зборови и ветувања. Како што вели апостол Павле – ако Христос не воскреснеше, залудна ќе беше верата и надежта на луѓето. Но, токму воскресението ја отвора вратата кон една нова реалност – живот над смртта.
Утрото на третиот ден, жените мироносици го нашле празниот гроб и ја примиле радосната вест од ангелот – Христос воскресе! Таа вест до денес ја објавува Црквата како најголема радост за човештвото.
Во народната традиција, овој ден се смета за особено среќен:
Се верува дека е најдобриот вторник во годината
Се одржуваат свадби и веселби
Се смета дека децата родени на овој ден ќе бидат среќни и долговечни
Добро е да се оди на гости или да се започне патување.
Светол вторник е ден исполнет со благодат, радост и надеж за сите верници.