Денеска е петок 13. - баксуз ден или чисто суеверие?

Денеска е петок 13-ти - ден кој се смета за баксузен. 

Страв, многу суеверија и постојана анксиозност носи „црниот петок“ 13-ти. Многумина одбиваат да патуваат, особено да летаат со авион, одлагаат обврски и се стремат да не преземаат ништо на фаталниот ден, пред се превентивно да се спасат од несреќи. 

Има 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите тарот 13-та е картата на смртта.

Во христијанската традиција овој број се поврзува за 13-от гостин на Тајната вечера и тоа дека Исус е распнат на крст во петок, а тука е и суеверието дека тој 13 гостин на вечерата го издал Исус. Во нумерологијата бројот 13 се смета за целосен и ги рефлектира месеците во годината, бројот на часови во саатот, 12 поени на Олимп, 12 Исусови апостоли и 12 хороскопски знаци, додека 13 како следен во низата се смета за баксузен и ја пореметува концепцијата на совршениот број 12.

Колку број 13 се смета за „баксузен“ говори и фактот што многу светски аеродроми немаат писти, излети, ниту седишта на авионот под тој број. 

Сепак, можеби станува збор само за „чисто суеверие“ ное се протнувало низ времињата!