Денеска е 6.6 – магична низа со големо значење

Денеска владее магичната низа на броеви 6-6. Таа носи магична љубовна енергија и добри емоционални односи, па овој ден може да ви ја донесе средбата со сродната душа.

Во нумерологијата, бројот 6 е благослов. Неговата енергија се однесува на безусловната љубов, емпатија, одговорност, правда, дом и убавина. Од друга страна, предизвиците пак кои ги носи оваа низа можат да бидат поврзани со големата потреба за совршенство и голема контрола.

Ова е идеален ден за размислување за љубовта. Како ја гледате љубовта? Кога мислите на неа, што прво ви доаѓа на ум? Што ви е потребно за да се чувствувате сакано. Потребно е да ја анализираме нашата одговорност, особено во односите со другите луѓе. Тоа е момент во кој треба да се откажеме од сите војни кои ги водиме со другите и да си кажеме себеси дека заслужуваме љубов.

Овој ден носи и време да ги собереме сите мисли. Направете напор да се прилагодите на позитивниот став за љубовта и таа ќе го исполни вашиот живот. Бидете романтичната душа која бевте порано, а која ја скривте во себе. 

Моментот кога ќе го отвориме своето срце и си дозволиме себеси да уживаме е добар момент и не треба да се плашиме од него. Дозволете и на оваа убава енергија на двете шестки да ве поддржи во преземањето одговорност за себе, своите постапки и своите одговори во односите со другите.