Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
– Во период од 08:30 – 12:00 часот, корисниците од ул.1520-населба Пинтија (општина Кисела Вода)
– Во период од 08:30 – 12:00 часот, поголем дел од корисниците во Волково, од пругата во Ново село до кружен тек во Волково. (општина Ѓорче Петров)
– Во период од 09:00 – 15:30 часот, корисниците од дел од улиците Брсјачка Буна, Овчеполска, Виетнамска, Пелагонија. (општина Шуто Оризари)
– Во период од 10:00 – 16:00 часот, корисниците на дел од село Горно Соње кај црквата. (општина Сопиште)
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа.
– поради изведување на водоводен приклучок ф- 200 мм на улицата Борис Трајковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно зградите од комплексот „Трим & Лум“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. (општина Кисела Вода)
– поради менување на вентил ¾ на улица Македонија 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот (општина Центар).