Денешна програма на Cinedays

Градски Парк

20:30 | SUMMER OF '85

*ГАЛА програма

режија: Francois Ozon

За што мечтаете кога имате 16 години и се наоѓате во крајбрежно гратче во Нормандија во 1980-тите? За најдобар пријател? За доживотен тинејџерски пакт? За авантура на брод или мотоцикл? За живот со убиствено темпо? Не. Мечтаете за смрт. Затоа што не постои поголема возбуда од смртта. И затоа ја чувате за крај. Летниот распуст само што почнува и оваа приказна раскажува како Алексис се изградил како личност.

http://cinedays.mk/event/leto-85

22:30 | FOMO – FEAR OF MISSING OUT

*Официјална селекција

режија: Attila Hartung

На Ѓерго и неговите пријатели тинејџери важни им се три работи: забава, секс и бројот на следбеници на социјалните мрежи. Една вечер, на забава, Лила станува жртва во рацете на момчињата. Предизвикот излегува од контрола и светот на младите преку ноќ се менува засекогаш.

http://cinedays.mk/event/fomo/

МКЦ Парк

21:00 | SWEAT

*Oфицијална селекција

режија: Magnus von Horn

„Пот“ прикажува три дена од животот на фитнес-мотиваторката Силвија Зајац, која е многу популарна на социјалните мрежи. Иако ја следат стотици илјади луѓе, опкружена е со лојални вработени и сите познаници ѝ се восхитуваат, таа трага по вистинска интимност.

http://cinedays.mk/event/pot/

23:00 EXTREMELY WICKED, SHOCKINGLY EVIL AND VILE

*Гала премиера

режија: Joe Berlinger

Тед: привлечен, паметен, харизматичен, срдечен. Лиз: самохрана мајка, претпазлива, но вљубена. Слика на семејна среќа, сѐ изгледа како совршено да им оди. Сѐ додека не го приведат и обвинат Тед за низа грозоморни убиства. Како што загриженоста се претвора во параноја, Лиз е приморана да размисли колку добро го познава човекот со кого живее и, како што доказите се трупаат против него, да одлучи дали Тед навистина е жртва или всушност е виновен.

http://cinedays.mk/event/krajno-izopacen

Парк Ибни Пајко

20:00 | THE FLYING CIRCUS

*SEE програма

режија: Fatos Berisha

Четворица актери нелегално ги преминуваат границите на Балканот во време на војна. Одат на театарски фестивал. Но вистинската мисија им е да го најдат својот идол, Мајкл Палин.

http://cinedays.mk/event/leteckiot-cirkus/

22:00 | ТМ

*МК инди премиера

режија: Ивица Димитријевиќ, Мартин Иванов

ТМ е филм за осаменоста, вербата во невозможното, критика на општеството и политиката како главен кривец за исчезнување на поединецот, за исчезнување на една личност, која е цел еден свет.

http://cinedays.mk/event/tm/

POP-UP кино (Парк Кисела вода)

11:00 | МОМЧЕТО ФАНТОМ

*Детска програма

режија: Jean-Loup Felicioli, Alain Gagnol

Лео има тајна. Мистериозна болест го претвора во момче-фантом, овозможувајќи му да го напушти своето тело и да го истражува градот како дух. Додека лежи во болница, се спријателува со Алекс, њујоршки полицаец, кој се повредил обидувајќи се да фати еден опасен гангстер, кој ја презел контролата врз градската електрична мрежа, доведувајќи ја метрополата во хаос. Сега мора да оформат необично дуо, користејќи ги фантомските моќи на Лео и детективските вештини на Алекс, за да го спречат заговорот и да го спасат Њујорк од уништување.

http://cinedays.mk/event/momceto-fantom/

13:00 | НЕВЕРОЈАТНАТА ПРИКАЗНА НА ЏИНОВСКАТА КРУШКА

*Детска програма

режија: Philip Einstein Lipski

Животот во Солби е убав и мирен додека еден ден Мичо и Себастијан не најдат порака во едно шише на пристаништето. Шишето е од исчезнатиот градоначалник на Солби со порака дека се наоѓа на мистериозен остров и дека дошол до огромно откритие. Сега тие мора да тргнат на опасно патување за да го спасат градоначалникот и да го вратат дома, а притоа ќе откријат нешто што ќе му донесе огромно задоволство на градот Солби – џиновска крушка.

http://cinedays.mk/event/dzinovskata-kruska/

19:00 ПИНОКИО

* Детска програма

режија: Matteo Garrone

Во оваа нова замисла на легендарната класика обожавана низ светот, Матео Гароне се навраќа на автентичните корени на приказната за Пинокио. Со овој пионерски игран филм, снимен на прекрасни локации низ Италија, Гароне создава еден богат волшебен свет на мистерии и чуда, исполнет со светли, забавни и трогателни моменти.

http://cinedays.mk/event/pinokio/

За програмата во Градскиот парк, паркот Ибни Пајко и МКЦ парк, билетите по цена од 100 денари може да купат онлајн, преку bileti.mkc.mk (препорачуваме онлајн-продажба), како и на самиот влез на овие локации.

За филмовите од POP-UP КИНО бесплатни билети може да се набават само онлајн (bileti.mkc.mk).