Денес се слави Преподобен Ефрем Сирин - имаше бурна младост, но одеднаш се сврте кон Бога, му беше пријател на свети Василиј Велики

Роден е во Сирија, од бедни родители, во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господа Исуса Христа.

Му беше ученик на свети Јаков Нисибиски. Од големата Божја благодат од неговата уста извираше мудрост како меден поток, а од очите непрестано му течеа солзи. Трудољубив како пчела. Непрестајно пишуваше книги или ги поучуваше монасите во манастирот и народот во градот Едеса или пак самиот се предаваше на молитва и богомислие. Неговите книги се многубројни, неговите молитви прекрасни. Најпозната му е молитвата за Чесниот Пост: „Господи и Владико на мојот живот“.

Кога сакаа насила да го земат за епископ, почна да се прави луд и да трча низ градот Едеса, влечејќи ја зад себе својата облека. Кога го видоа тоа луѓето го оставија на мира.

Му беше современик и пријател на свети Василиј Велики.

Светиот Ефрем Сирин е главно апостол на покајанието. Неговите списи и ден денес смекнуваат многубројни срца закоравени во грев, и ги враќаат кон Христа.

Се упокои во длабока старост, во 378 година.