Денес променливо облачно проследено со врнежи од дожд и снег

И денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Локално особено на југоистокот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер претежно од северен, а во југозападните делови од југозападен правец.

Дневните температури ќебидат во Скопје 10 Целзиусови степени,Маврово 5, Охрид 10, Битола 12, Крива Паланка 9, Берово 10, Кавадарци 13, Дојран 16 степени.

Прогнозата и за утре е претежно облачно и свежо, во источните делови со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 5 до 12 степени.