Денес ќе се пушти во употреба пешачката и велосипедската патека Матка - Шишево

Во рамки на проектот „Сарај и Лебане заедно за зелениот туризам - Green Tour“, денеска во општина Сарај ќе бидат пуштени во употреба пешачката и велосипедската патека Матка - Шишево.

Како што информира Општина Сарај, ова е прва директна инвестиција од Европската Унија во кањонот Матка преку Програмата за прекугранична соработка Србија - Македонија.

Ќе биде презентиран и напредокот и влијанието на проектот врз локалниот екотуризам.

Предвидени се обраќања на заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Бен Нупнау и градоначалникот на Општина Сарај, Илјас Весели