Православните верници утре го слават есенскиот празник Крстовден, во знак на сеќавање на настанот кога беше пронајден крстот на кој беше распнат Исус Христос. Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога.
Се слави двапати во текот на годината, 18 јануари и 27 септември. Претходно, луѓето строго се придржуваа на постот на овој ден. Во некои села се одржуваат и панаѓури.
Според верувањата, царицата Елена одлучила да го најде светиот крст и на Голгота биле најдени три крста.
За да се дознае кој од трите крста е оној на Христос, а кој на разбојниците кои биле распнати со него, патријархот Макариј ѝ дал предлог, крстот да го стават покрај покојникот чијашто поворка во моментот минувала од местото. Кога покојникот бил ставен до христовиот крст, тој оживеал, по што се дознало кој од трите крста е оној на кој бил распнат спасителот, па затоа уште и се нарекува „животворен“.
Се верува дека какво е времето во текот на Крстовден таква ќе биде и годината, односно:
- Ако е облачно на Крстовден, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, следната година ќе биде суво.
- Ако до Крстовден ластовичките не заминат на југ, нема да биде многу студена зимата.
- Тивкиот дожд на Крстовден предвидува блага зима.
- Грмотевица на Крстовден навестува плодна година.
- Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако денот е ведар, тогаш зимата ќе биде сува и студена.
Вообичаено е на Крстовден да се собере и освети босилек. Некои семејства го слават овој празник како куќна слава.
Празникот „Крстовден“ се смета како „тежок“ празник, кога не се работи и се пости без масло. Во минатото, некои луѓе верувале дека на овој ден воопшто не треба да се консумира храна, а други пак јаделе само леб и грозје.