Делови од три скопски општини утре ќе бидат без струја!

 

Утре, според најавата на ЕВН Македонија АД, одредени делови на трите скопски општини Аеродром, Карпош и Сопиште ќе останат без струја. 

Конкретно, од овој прекин ќе бидат опфатени корисниците на следните улици:

  • во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Симеон Кавракиров бр,10. (општина Аеродром)
  • во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул.бр.14 во с.Сопиште (општина Сопиште)
  • во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Фјодор Достојевски. (општина Карпош)

Прекинот ќе започне од 09:00 часот наутро, а ќе трае во сите делови до различен временски период, според најавеното.