Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Сарај и Бутел. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи без струја во одреден временски интервал ќе бидат селата Љубин во општина Сарај, како и населбата Радишани и селото Волково.
- Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од с.Љубин (општина Сарај)
- во периодот од 10.00 до 12.30 часот, корисниците од цела населба Радишани(општина Бутел)
- во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците околу претпоследна и последна 22ка, во с.Волково (општина Ѓорче Петров).