
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Карпош, Шуто Оризари и Центар.
- Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Александар Урдаревски лоцирани кон приклучокот на обиколницата во Шуто Оризари.
- Во истиот период, без електрична енергија ќе останат и корисниците од улицата Козле од бр.114 до бр.124.
- Во периодот од 09.15 до 15.15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Самоилова, улица Јоаким Крчовски, Музеј на современа Уметност – Скопје.