Делови од Скопје утре ќе бидат неколку часа без струја

ЕВН Македонија АД информира дека на ден 26.01.2023 година (четврток) без електрична енергија ќе останат:

- во период од 08:30 до 11:30 часот, корисниците  од ул. Петровец (крак лево од регионален пат Р1102) и ул. Петровец (крак десно од регионален пат Р1102);

- во период од 08:30 до 14:00 часот корисниците на ул.Ѓорѓи Капчев подул.4, нас.Лисиче (општина Аеродром);

- во период од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кучевиште, во близина на училиштето (општина Чучер Сандево ).