Делови од Скопје утре без струја и вода

ЕВН Македонија информира дека утре делови од Скопје ќе останат без електрична енергија.

Деловите кои ќе останат без електрична струја се:

- во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од населба Јане Сандански, како и корисниците од селата Зелениково, Орешани, Ново Село, Вражале, Пакошево, Смесница, Тисовица, Добрино, Дејковец, Страхојадица, Гумалево и Градовци (општина Зелениково).

- во периодот од 09.00 до 12.00 часот, објектот на хотел Мирор (општина Петровец).

- во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. „Брсјачка Буна“, како и корисниците од ул. „Пелагонија“ и околните улици (општина Шуто Оризари).

- во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Петровец, поточно корисниците лоцирани после објектот на маркетот Стокомак десно по улицата (општина Петровец), како и дел од корисниците од ул. „Стрезова“ (општина Карпош).

Исто така, ЈП „Водовод и Канализација“ соопшти дека утре (четврток) поради замена на затворач од ф - 80 мм на ул.10 бб во село Батинци, во периодот од 09.00 часот па сè до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од селата Батинци и Љубош (општина Студеничани).