Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради уличен дефект Ф-100мм на бул.Асном 22 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зг.22 и 60 од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 00:30 часот до санирање на дефектот.
Исто така, денеска поради уличен дефект ф100 мм на ул.Борис Трајковски 92 а (кај кружниот тек), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Борис Трајковски крак 2, 4, 6, 8, 10 и 12, фабрика Цементара и Мото Центар од 08:30 часот до завршување.
Денеска, поради монтажа на Против Пожарен Хидрант (ППХ ф80 мм) кај хотел Белви, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Инџиково и Хотел Белви од 09:00 часот до завршување.