Делови од Скопје денеска без струја, вода ќе нема во дел на булевар АСНОМ

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (четврток) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од ул. Лазар Поп Трајков бр.24, 25, 27 и околните станбени објекти. (општина Гази Баба)
- во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците на викендиците во село Побожје. (општина Чучер Сандево)
- во периодот од 10.00 до 13.00 часот, дел од корисниците лоцирани кај Четири Воденички. (општина Чучер Сандево)
- во период од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев – подулица бр.22. (општина Кисела Вода)
- во периодот од 10.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани после општината по главниот пат кон Соње. (општина Сопиште)

РКЕ и ЈП Водовод и канализација известуваат за прекин на снабдувањето со вода. Се работи за оваа локација:

- на ден 19.05.2022 година (четврток) поради уличен дефект од ф – 100 мм на бул. АСНОМ бр.84 во периодот од 09.00 часот, па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од бул. АСНОМ од бр.74 до бр.112 – парни броеви.