Делови од пет скопски општини денеска без струја

ЕВН Македонија известува дека денеска (понеделник) поради веќе закажани технички зафати во системот, без електрична енергија ке останат:

  • во време од 08.30 – 15.00 часот дел од ул. Никола Парапунов - зградите околу Телма ТВ и објектите на Тинекс, Шартекс, Француско Интернационално Училиште, училиште ЕФИС како и другите објекти во нивна околина (о. Карпош);

  • од 09.00 – 10.00 часот дел од ул. Иван Манолев, куќни броеви од бр. 7 – 17 (о. Бутел);

  • од 09.00 – 12.00 часот дел од улиците Злетовска и Слан Дол (о. Шуто Оризари);

  • од 09.30 – 10.30 часот дел од с. Побожје околу црквата (о. Чучер Сандево) и

  • во време од 13.00 – 1500 часот дел од бул. Борис Трајковски кои се напоуваат од ТС Стаклара – 6 (о. Кисела Вода).