Делови од неколку скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека утре (среда) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Дреновска Клисура. (општина Кисела Вода)

- во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Пехчевска и Париска Комуна, како и дел од корисниците од ул. Валандовска. (општина Гази Баба)

- во периодот од 09.00 до 15.30 часот, корисниците од селата Кучково и Грачани. (општина Ѓорче Петров)

- во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Тодор Александров лоцирани на потегот од ОУ Кочо Рацин до маркет Водно. (општина Центар)

- во периодот од 12.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Багдадска, Дрезденска, Рузвелтова, Борка Талески и Ристо Равановски. (општина Карпош)