Од ЈП Водовод известуваат дека денеска (среда) поради зафати во водоводната мрежа со пречник Ф-110мм на ул. Охридска 44, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Охридска и Петричка (општина Центар).
Исто така, поради дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-100мм, на ул. Петар Драганов во населба Тафталиџе, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Петар Драганов, Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска и Стокхолмска (општина Карпош).