Делови од две скопски општини денеска без струја – ЕВН најави прекини

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија.

Според најавата, од 08:30 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“ и „Индира Ганди“ во Општина Шуто Оризари.

Во истиот ден, од 08:30 до 14:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и на дел од улицата „Јустинијан Први“ во населбата Драчево, во Општина Кисела Вода.