
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Ѓорче Петров.
- Во периодот од 08.00 до 10.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Натанаил Кучевишки, Петар Манџуков и Александар Урдаревски.
- Во периодот од 10.00 до 12.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Петар Манџуков и Благоја Вујов.
- Во периодот од 12.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Хо Ши Мин, Бутелска и Софре Марковски.