
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денес, 6 јули 2026 година, поради планирани технички зафати, без електрична енергија ќе останат корисници од неколку скопски општини.
Во општина Аеродром, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има од 08:00 до 15:00 часот за корисниците од улица „Тодор Чангов“.
Во општина Гази Баба, без струја од 08:30 до 14:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Методија Андонов Ченто“, објектите кај ЗПЗ „Напредок“, сендвичарницата „Хит“, како и објектите од местото викано Триангла до надвозникот за Ченто.
Во општина Карпош, прекин е најавен од 09:00 до 13:00 часот за корисниците на објекти на улица „Вангел Дину“ и дел од непарните броеви на улица „Франце Прешерн“.
Во општина Ѓорче Петров, без електрична енергија од 09:30 до 14:30 часот ќе останат корисниците од делови од улиците „Браќа Чакреви“ и „Социјалистичка зора“.
Снабдувањето со електрична енергија се очекува да биде нормализирано по завршување на најавените интервенции.