Делови од Чаир без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека денес поради двоење во шахта на ул.Ќемал Сејфула 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Џон Кенеди и дел од населбата Топанско Поле.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување со работните активности.