Од скопски Водовод известуват дека поради водоводен приклучок од ф100мм на ул.9-ти Мај vo Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.9-ти Мај, ул.Костурски Херои, ул.Борка Талевска, ул.Роза Луксембург, ул.Христо Смирненски и дел од корисниците од ул.Петар Попарсов, дел од ул.Васил Стефановски и дел од ул.Метрополит Теодососие Гологанов.
Прекинот ќе биде од 09:00 часот па се до завршување со работните активности.