Делегација на Град Скопје положи цвеќе по повод Илинден

По повод големиот државен празник Денот на Републиката – 2 Август, Илинден на кој се одбележуваат 77 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ и 118 години од Илинденското востание, делегација на Град Скопје, денеска положи цвеќиња на повеќе споменици во градот.

Како што соопшти Град Скопје, официјалната делегација на Градот, составена од членовите во Советот на Град Скопје, Анета Стојановска-Стефанова, Бранко Георгиевски и Михаела Иванова, положи цвеќиња пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“, пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“ и пред споменикот на Никола Карев пред Собранието.

Цвеќиња пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, на АСНОМ и на Никола Карев, положија и делегации од Владата, Собранието, Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана, ГШ на Армијата, членови на Сојузот на борците, претставници на политичките партии, на дипломатскиот кор, како и на здруженија на граѓани и на организации.