
Од скопски Водовод информираат дека денеска поради уличен дефект ф100 мм на ул.29-ти Ноември бр.6, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од 29-ти Ноември (потегот од бул.Партизански Одреди до ул.Дебарца).
Според информациите од јавното претпријатие, прекинот ќе трае од 10:00 часот до завршување со работните активности.