Форумот на жени на ЛДП со апел до министерката за образование и наука, за воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата.
Ова следи откако податоците од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) покажуваат дека на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 2023 година имало 3,5 пати повеќе абортуси споредбено со 2020 година.
Само 13 години имала најмладата пациентка на која лани и бил направен абортус на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Министерството за образование засега нема одговор на ова барање, а инаку на средината на јули оттаму информираа дека подготвуваат шест нови законски решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги кои се испорачуваат кон граѓаните и ќе се обезбедат повеќе права и можности за различни засегнати категории во областа. Не се знае дали во новите законски решенија ќе биде опфатено и ова прашање, за сексуално образование во училиштата ширум земјава.
Родителите со поделени ставови за идејата за сексуално образование во училиштата, но сепак повеќето се против!
- Апсолутно НЕ. Интенцијата е под овој предмет да почне да се наметнува трансродовата идеологија популарна на западот и сите придружни изопачености, спротивни на здравите семејни основи, вели една мајка.
- Во училиштата се потребни психолог,педагог и социјален работник, кои заедно со наставниците ќе вршат воспитна дејност, а не само образовна, бидејќи домашноото воспитание е на нула ,а вистинските вредности се занемарени.. Невладиниот сектор може да организира свои НЕВЛАДИНИ проекти надвор од учлштата и ако имаат заинтересирани нека тераат. Мешање во образовната политика во државните училишта ниту имаат право ниту негде во светот им е дозволено. Топлата вода одамна е измислена значи нема што да измислуваат. И најважно доста бре не омаловажуваат како тие многу шетани, па ете треба и нас останатите да не обучат. Сум ги прочитала такаречи поголемиот број училишни курикулуми и не сретнав сексуално образование во такаречи ниеден образован систем, споделува една скопјанка.
- Зависи на која возраст, кога веќе ги пуштаат децата пред Силбо во ниедно време несоодветно облечени, можат и да учат што ако им се случи таков чин, кои се последиците, гласи коментар на друг граѓанин.
- Дете од 3 одделение нема потреба од таква информација, ама дете од 9 одделение има потреба ако веќе не научило, а како дошло времето тие ке не едуцираат нас не ние нив.
-Изучувањето на предметот Биологија во училиштата е сосема доволно сексуално образование. Зар има подобро знаење од тоа да си ја познаваш сопствената анатомија и физиологија. И секако анатомијата и физиологијата на другите организми. И тоа е сосема доволно. Основното што треба децата да сфатат е репродуктивната функција на репродуктивните органи и толку. Ако има поинаков вид сексуално образование тогаш зошто се укинати образовните предмети Етика и Морал. Зошто децата би се образовале сексуално, а на за етика и морал, прашува еден родител.
Во 2020 година биле извршени 324 абортуси, во 2021 година имало 554, во 2022 година имало 615, а во 2023 година 1.133 абортуси.