Дел од скопска населба попладнево без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека попладнево со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Долно Лисиче.

Оттаму информираат дека поради уличен дефект ф-80 милиметри на улица „10“ во Долно Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:15 до завршување со санација на дефектот.