
ЈП Водовод и канализација известува дека напладне со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на населбата Радишани.
Од таму информираат дека поради водоводен приклучок од ф 2”цола на улица „7“ бр.11 Радишани, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од населба Радишани.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:45 часот до завршување на работните активности.