Дел од Припор без вода поради дефект

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека во моментов поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на Христо Татарчев 95, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (втора зона Припор). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.