Дел од пензионерите од Ѓорче Петров добија хуманитарни пакети со храна

Пензионерите од Ѓорче Петров, приматели на најниска пензија и трудови лица со инвалидитет, добија пакети со храна од општина Ѓорче Петров, во соработка со Скопската православна епархија, Хуманитарната Организација Св. Спас и Отец Оливер.

- Нашите сограѓани заслужуваат грижа и помош во овие тешки финансиски времиња, кога секое семејство се соочува со потешкотии поради скапите домаќински намирници.  Се надеваме дека барем малку ќе им ги олесниме овие зимски денови, порача првиот човек на општината Александар Стојкоски. 

- Човечки и христијански е да се помага и да се прават убави работи, особено кога се работи за наши пријатели, роднини, сограѓани кои имаат потреба од наша помош, додаде тој и упати благодарност за оваа акција до Хуманитарна Организација Св.Спас.