Дел од Кисела Вода денеска без струја, еве каде ќе нема вода

Денеска поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците на ул. Ѓорѓи Динката, О. Кисела Вода во период од 8.30 до 15 часот, како и корисниците на ул. Михаил и Ефтихиј, во О. Кисела Вода, во истиот период од денот. 

Центарот информира дека од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат и за прекинато водоснабдување, исто така во текот на денешниот ден (вторник), заради технички зафати во водоводната инсталација, на следните места:

-Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците ул.Бутелска раскрсница со ул.Рудо, Марко Крале, Приштинска, Зуфер Мусиќ, Андре Мазон, Коле Канински, Мрежичка и Мостарска од 09:00 часот до отстранување на техничкиот проблем.

Корисниците на улиците „Среќко Пужалка“ и „Товарник“ во населба Ченто денеска од 8.30 часот ќе немаат вода поради водовден уличен дефект ф 100мм на ул.„Среќко Пужалка“. ЈП Водовод и канализација-Скопје информира дека прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот.