Дел од Карпош утре без вода, ќе има обезбедено цистерна со пивка вода

Од ЈП Водовод и Канализација изветсуваат дека утре (сабота) поради уличен дефект ф 100 мм на ул.Копенхагенска бр.4б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул: Копенхагенска, Софиска, Бриселска, Његошева, Стокхолмска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски од 09:00 часот.

-Поради специфичност на дефектот очекуваме санирањето на истиот да биде во вечерните часови. За време на прекинот, ќе биде обезбедена цистерна со питка вода, информираат од претпријатието.