Дел од Илинденска денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска, поради менување на вентил во шахта на Аминта Трети 11а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од бул. Илинден (потегот од Фонтана Парк до Влада). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.