Дел од Ѓорче денеска без струја, вода ќе нема на две скопски улици

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска (вторник) поради веке закажани технички зафати во системот, без електрична енергија ке останат:
- од 09.00 – 11.00 часот дел од с.Радуша (опш.Ѓорче Петров). 

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на ул.Есенинова бр.13 во населба Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Есенинова.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со приклучокот. 

Поради уличен дефект ф-400 мм на ул. Бутелска бб (до Општината), прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од ул. Бутелска, односно непарните кракови од 1-27 и парните кракови од 1-6.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.