Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (среда) поради поврзување на водоводна мрежа Ф-110мм и изведување на приклучок од Ф-80мм на ул.Охридска 44 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Охридска и ул.Петричка.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.