Дел од Центар утре без струја

Корисниците од улицата „Радњанска“ во општина Центар утре од 8 до 12 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.