Дел од Центар денеска речиси цел цен без струја

Денеска, поради закажани технички зафати во електро системот, без напојување со електрична енергија  ќе останат дел од корисниците  од ул. Димитрие Чуповски, во околината на локал пекара Специјал, во општина Центар.

Оваа безнапонска состојба е најавена од страна на ЕВН Македонија АД, од каде и информираа дека прекинот ќе биде во период од 09:00 до 15:00 часот.