Дел од Центар без вода, струја ќе нема во две скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

· во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од село Мралино, Бензинска пумпа Дади компани во Мралино и делови од Населба Дрма, општина Илинден.

· во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците околу стара Џамија и позади општината во Сарај, општина Сарај. 

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-100 мм на улицата Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица во општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите.