Дефицит од работници во текстилната индустрија

Текстилците бараат пристап до фондови преку кои ќе можат да го модернизираат производството и да ја зголемат продуктивноста, а со тоа и да овозможат повисока плата на вработените.

Вработените треба да ја сменат перцепцијата кон работењето, а работодавачите да се преориентираат од лон во брендирано производство.

- Многу е убаво, посебно ние што работиме во производството тоа сме го доживеале, кога нешто ќе можете да создадете, кога ќе можете да се материјализирате во некој производ- изјави Маријана Перковска, претседател на текстилен кластер на Р.М.

Работа има и ќе има се повеќе во иднина, а текстилците кубурат за работна рака. Дури и странски инвеститор се откажал од намерата да отвори текстилен капацитет, откако увидел дека има дефицит од кадар.

- Имаше една најава за турска компанија која планираше да вработи 5000 луѓе, меѓутоа тоа се откажа затоа што има недостаток-изјави Перковска

Што се однесува до ниските примиња, Перковска објаснува дека не е проблем да се подели минималната плата, туку спиралата која ќе ја предизвикува за зголемување и на останатите плати.

Искуствата покажале дека некои текстилни компании морале да подигнат комерцијален кредит за да исплатат плата, што води кон негативни финансиски резултати во работењето. Масата на пари со која располага една фирма е детерминирана од признаената вредност на пазарот и од тоа нема бегање, нагласи Перковска.