Дефект остави без вода неколку скопски улици

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известија дека денеска поради уличен дефект на ул.Димо Хаџи Димов бр.101 во населба Кисела Вода прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Димо Хаџи Димов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:45 часот до санирање на дефектот. 

Исто така, поради дефект на ПП Хидрант на ул. Плачковица 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Плачковица, Гвадалахара и Нов Живот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:45 часот до завршување со санација на дефектот.