Decathlon влегува на пазарот во Македонија

Мрежата на продавници за спортска опрема Decathlon наскоро влегува на пазарот во Македонија.  

Компанијата Decathlon влегува на пазарот во Македонија, а подготвките за овој процес се веќе започнати. Според потврдени информации до кои дојде Скопје Инфо,  влезот на Decathlon на пазарот во земјава ќе се реализира преку три фази.  Првата фаза вклучува скенирање на пазарот и избор на локации кои се погодни за изградба на продавници и таа е веќе започната. Втората фаза ќе биде изградба на објекти. И третата фаза ќе биде отворање на објектот и скенирање на пазарот за проширување на мрежата. 

Првично планирано е компанијата да влезе со еден продажен објект лоциран кој ќе биде лоциран во близина на Скопје, а потоа да продолжи скенирање на пазарот и разгледување на можноста за отворање и други објекти. Изворите за Скопје Инфо брифираат дека планирано е најдоцна за три години да се финализираат трите фази и компанијата да биде присутна на пазарот во Македонија. 

Компанијата Decathlon e основата во 1976 година во Франција. Во моментов има 1600 продавници во 69 земји ширум светот, а меѓу нив се оние во соседството, во Србија, Бугарија и Грција. Decathlon во моментов брои повеќе од 100 илјади вработени и продава широка палета на спортски производи по цени кои се прифатливи за потрошувачите во Македонија и регионот.