Децата од градинката „Кочо Рацин“ изведоа претстава и музички колаж за одбележување на Детската недела

Синоќа дечињата од градинката „Кочо Рацин“, во Скопје, приредија претстава и музички колаж во рамки на активностите за одбележување на Детската недела. 

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. 

-Волшебна изведба, широки насмевки и топлина во срцата. Нашите дечиња од градинката „Кочо Рацин“ ни подготвија преубава претстава и музички колаж кои ги изгледавме со воодушевување. Овие преслатки дечиња кои носат неверојатна енергија се нашата иднина, затоа да ги насочуваме кон градење вредности и почитување на семејството и возрасните. Со овие особини ние ќе бидеме горди родители, а тие среќни деца - напиша Герасимовски на официјалната Фејсбук страница.