
Деца од Драчево фрлале камења по улица по што биле внесени во автомобил. Соседот се јавил на мајката на две од малолетниците да ја извести дека ќе ги носи во полиција. Инцидентот се случил по полноќ.
- На 20.07.2026 околу 00:50 часот во СВР Скопје, И.М. пријави дека на подрачјето на Драчево, Б.В. телефонски ја контактирал од телефонот на нејзиниот малолетен син и ја известил дека ги фатил нејзините две малолетни деца, кои претходно биле со група на малолетници кои играле и фрлале камења на улицата, по што ги внел во возило сакајќи да ги однесе во полиција и физички ги нападнал, информираа од МВР за овој случај.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.