Дебар Маало е под власт на некои нови шефови, грдо, бучно и гнасно - алармира Трајкоска

Новинарката Жанета Трајкоска револирана од ситуацијата во скопско Дебар Маало. Сподели фотографија од отпадот покрај контејнерите, а се пожали и од бучавата. 

Ова е нејзината фејсбук објава: 

- Масло на платно "Дебар Маало 2024". Додека ми турира некој голф под прозор и вози брзо оти му се може, сакам да кажам дека на улицава е гнасно, бучно и грдо, џабе сечевте дрва и поплочувавте. До после ќе биде и опасно. Маалово е под власт на некои нови шефови кои немаат врска со Општина Центар - Скопје. Тие пак се згнаснафатени со давање дозволи за градење јер треба да се добива плата.