Даниловски: Голем хазард се избори во услови на троцифрени показатели за новозаразените

Доколку вака продолжи бројката на новозаболени, не би требало да има избори, ниту масовни настаним, катергоричен е еден од водечките епидемиолози во земјата, Драган Даниловски, кој во четвртокот попладнето имаше видео-гостивање во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизијата

„Ако бројот биде вака со троцифрени цифри мислам блиску до памет е дека би било хазадерски ептен, рискантно. Меѓутоа секако дека ова не важи само за избори ако прашувате, важи и за било кој масовен настан“, нагласи Даниловски.

Додаде дека додека не се обезбедат одредени критериуми, масовни настани, како и избори не треба да има.

Претходно Даниловски посочи дека во оптек се неколку теории за тоа како ќе се одвива вториот бран на Covid–19, но истакна дека тој повеќе верува оти иќе се случи опцијата според којашто генерално на цела територија на државата нема да има жаришта, туку во одделни кн . џебови или ќе има мали мини епидемиски случувања коишто „лесно како мали жарчиња“ ќе се лоцираат.

„Мислам дека сега ова што ни се случува како втора грба на двогрба камила сепак е дел од една иста епизода, од оваа почетнава. Ја би рекол еден епидемиски бран кој што е во два дела. Ова второво е пак ќе речам врз основа на несреќни околности. И практично е дел од истиот напад, од истиот поход на вирусот“, појасни Даниловски.

Даниловски во врска со епидемиолошкиот бран на есен истакна, дека што се однесува до оние сите нагаѓања, дали на есен ќе има втор бран или ќе нема да има, има неколку теории.

„Има некои коишто застапуваат теорија од некои стручњаци дека втор бран ќе има и дека дури ќе биде посилен, тоа е една теорија. А, втора теорија е дека воопшто нема да има уште еден бран. Дека се ќе заврши можеби таму некаде на лето, во јули месец. И трета опција или трета теорија е дека ќе остане вирусот да циркулира како ендемско заболување во сите земји во светот. И дека ќе се јавува од време на време, сезонски. Исто онака како што се јавува грипот, како што се јавуваат настинките. Или со други зборови тоа што на есен би го нарекле втор бран тоа би требало да биде нешто што ќе биде само зголемен број на случаи и тоа не генерално на цела територија на државата туку во одделни т.н. џебови или ќе имаме мали мини епидемиски случувања кои што лесно како мали жарчиња лесно ќе се лоцираат“, рече епидемиологот.

Даниловски додаде дека последната варијанта односно третата е повеќе веројатна за да се случи на есен.