Откако минатата недела во Градскиот парк беше асфалтирана земјена патека со асфалт осамна и на дел од кејот на Вардар. Асфалтот повторно ги скара актуелната градаоначалничка и поранешниот градоначалник Шилегов.
Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ асфалтирале дел од патеката на кејот на вардар кај мостот Обединети нации. Како што објави порталот СДК.мк, од „Улици и патишта“, на прашањето зошто на кејот е ставен асфалт наместо коцки или друг материјал соодветен за шеталиште покрај река, изјавиле дека „само на таков материјал можеле граѓаните да возат велосипеди и ролери“.
На тема асфалтирање паркови и урбани површини на социјалните мрежи активен е поренешниот градоначалник Шилегов.
„Сега уште Форест Гамп ни фали да трча околу за да се докомплетира циркузот!“, напиша тој објававајќи ја сликата од градскиот парк.