Данаиловски: Не е време за отворање на училиштата и градинките

Училиштата и градинките не треба да се отворат во септември, бидејќи децата се најголемите преносители на вирусот, вели за Канал 5, епидемиологот Драган Данаиловски.

-Се плашам што ќе биде со школската година кога ќе почне, со оглед на гласините кои се шират, дека училиштата ќе се отворат. Не знам како тоа ќе изгледа, децата да носат маски 4-5 часа, тоа е малку илузорно. Се плашам дека тоа нема да успее. Две студии се објавени деновиве – всушност се уште не се објавени туку се дадени како ракопис – и едната вели дека децата до пет години имаат 10 до 100 пати повеќе вируси во носните патишта. Тоа е студија од Чикаго, вели Данаиловски.