Дали знаете кој е најголемиот губитник на Евровизија? Најинтересните евровизиски факти

Вечерва се одржува втората полуфинална вечер на Евровизија, во која ќе настапи и Андреа со песната „Circles“, а сцената ќе ја дели со Констракта, Корнелија од Шведска, ирската ѕвезда Брук, но и популарните The Rasmus. 

Во таа чест, ќе се потсетиме на неколку интересни моменти од евровизиската историја.

1. Првата Евровизија се одржала во 1956 година, со седум земји учесници. Секоја земја се претставувала со по две песни.

2. До 2004 година директно во финале одеа големата петорка (подоцна четворка), и првите 10 држави. Полуфиналињата не беа јавни. 

3. Во 2004 за првпат се одржуваа јавни полуфиналиња, каде се избираа 10 учесници, кои ќе им се придружат на големата четворка и другите 10 кои директно се пласираа во финале. 

4. Најголема публика имаше во Копенхаген во 2001, кога имало 38.000 присутни луѓе.

5. Најгледано телевизиско шоу е Евровизија 2016. 

6. Најногу победи има Ирска (7), потоа Шведска со вкупно 6, додека Луксембург, Франција, Холандија и Британија победиле по пет пати. 

7. Најголеми губитници на Евровизија се Норвешка, кои биле последни дури 11 пати. 

8. Во 1969 имало дури четири победници. 

9. Во 2020 првпат не се одржа Евровизија. 

10. Џони Логан двапати победи како натпреварувач, а еднаш како текстописец.

11. До 1998 секој настап беше проследен со оркестар во живо. 

12. Австралија ја пренесува Евровизија секоја година од 1983 наваму. 

13. Израел победија во 1979 година, но не учествуваа наредната. 

14. Рекорден број поени имаше Салвадор Собрал, со вкупно 758 освоени поени од жири и телевоутинг. 

15. Ниту еден од петте победници на Луксембург не бил жител на Луксембург. Четворица се Французи и еден е Грк. 

16. Песните мора да бидат максимум три минути, а на сцената не смее да има повеќе од шест лица. Доколку бендот или изведувачот има поголем тим, дел од нив настапуваат зад сцена.