Дали знаете дека топлотен удар не е исто што и топлински удар?

Високите температури често предизвикуваат да се чувствуваме изморено, изнемоштено и немоќно. Поради тоа, во изминатиот период често сме исцрпени, раздразливи, без желба за вообичаените активности. 

Топлотен удар настанува кога сме изложени директно на сонце подолг период. Топлинскиот удар пак, настанува поради изложеноста на високи температури, дури и ако сме засолнети од директните сончеви зраци. 

Симптоми на топлотен удар:

-Препотување со ладна пот
-Главоболка
-Замор
-Мачнини и гадење
-Жед
-Дехидрираност

Ако ги чувствувате овие симптоми, веднаш засолнете се во проветрена просторија, или пак заминете дома. Разладете го домот, а во меѓувреме истуширајте се со млака кон ладна вода. Ако не се чувствувате добро, замолете некој да ве однесе на лекар или заминете со такси. Не користете возила на јавен превоз, кои може да бидат загушливи и бавни. Доколку сте сами, известете некого за вашата состојба, за да ви помогне.

Ако на некој близок му се случува топлотен удар, до степен на несвестица, обидете се да помогнете со течности. Повикајте брза помош ако личноста губи свест. 

Симптоми на топлински удар:

-Покачена температура и треска
-Врела кожа, без потење
-Забрзан пулс и отежнато дишење
-Состојба на конфузност
-Жед и вртоглавица
-Мачнини и повраќање

Овој удар настанува поради изложеност на висока температура. Дополнително од вообичаеното разладување, на овие лица им е потребно и надополнување на изгубените течности, па би им помогнале електролити, сок или бистра супа. Ако личноста губи свесност, повикајте брза помош или однесете ја на лекар.